Ништо пооткачено немаме видено оваа сезона: Ариана Гранде откри необичен топ кој наскоро ќе го има насекаде
Американската пејачка Ариана Гранде негува автентичен моден израз, а покрај комбинациите кои станаа нејзин заштитен знак, понекогаш во око ѝ влегуваат и необични парчиња облека.
Најновото несекојдневно парче на кое Ариана не можеше да му одолее е топ во облик на срце, кој го покажа на едно стори на својот Инстаграм профил пред неколку дена.
Пејачката се реши да не се фали со ова скапоцено парче, па така од него се виде само еден дел на фотографијата преку која Ариана сакаше да ја покаже шминката и да му се заблагодари на шминкерот кој ја разубави за еден настан. Љубителите на модата, сепак не го пропуштија интересното парче за кое се смета дека од пролетта ќе има големи шанси за доминација на улиците на модните метрополи, но и на социјалните мрежи.
Ариана одбра топ со тенки прерамки кој од задната страна се состои од една широка лента, а од напред е во облик на срце. Станува збор за парче од брендот „AREA“ направен од девствена волна и памук, чии рабови се украсени во впечатливи кристали. Самиот топ е со кариран дезен и тоа во едноставни кремови и кафени нијанси со црни линии.
За него во овој момент е потребно да се издвојат 580 долари, а е дел од комлетот со мини - здолниште со истиот дезен и со големо срце од волна, како и комплет кој е составен и од панталони со длабок стук и рамни ногавици.