Ниту бакнежите не се како порано: Како се снимаат интимните сцени за време на Ковид -19?

Ниту бакнежите не се како порано: Како се снимаат интимните сцени за време на Ковид -19?

Објавена во: Stars // Филм

Го имаме одговорот!

Коронавирусот во потполност го промени нашето секојдневие. Од виртуелни состаноци и училишни часови, до задолжителна дистанца (која ретко кој ја почитува) и носеше маска - ова се работите кои сега се поинакви.

Но, не се само за нас, обичните луѓе, животот е различен: истите правила важат и за познатите, а особено за актерите и актерките, кои деновиве снимаат нови сезони од сериите во кои глумат.

Сцените каде што треба да се бакнат трпат најмногу: доколку само една личност не е негативна на вирусот, ризикот и останатите да се заразат е многу голем. Па, како тогаш се снимаат овие сцени?

Кеј Џеј Апа од серијата „Riverdale“ на Инстаграм откри дека членовите од екипа мораат да ја перат устата со течност, пред секоја сцена во која се бакнуваат.

„Тоа ни е новата реалност: пред секоја сцена каде што има бакнување, добро ја переме устата со течноста“ - напиша на Инстаграм, објавувајќи видео на кое тој и Камила Мендес го прават тоа.

Од ова видео, можеме да заклучиме дека актерите течноста ја држат во уста околу една минута, а потоа ја плукаат.

Дали ова е доволно да се „убие“ коронавирусот - не знаеме, но засега нема заразени на сетот на оваа серија.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: