Ниту познатите не блескаат секогаш на првите состаноци: Ги раскажаа своите лоши искуства од кои се срамат

Ниту познатите не блескаат секогаш на првите состаноци: Ги раскажаа своите лоши искуства од кои се срамат

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Не се сите ситуации од нивниот живот толку совршени...

Многумина мислам дека познатите имаат совршени животи, љубов и се што е слично на тоа, па затоа и на нив може да им се случи нешто лошо и срамотно. 

Познатите не ги признаваат често ситуациите од кои се срамат, но „BuzzFeed“ пишува за лошите искуства како први состаноци и тоа токму од состаноците на познатите личности. Некои од нив имаат интересни приказни бидејќи останале и до ден денес заедно, додека некои навистина добро се засрамиле и поради тоа не успеале ни да добијат можност за нов состанок. Затоа не грижете се, не се ниту нивните состаноци секогаш совршени.

# Машин Ган Кели и Меган Фокс преку тераса се качиле на покрив на својот прв состанок, а тој ја однел таму бидејќи ѝ кажал дека некогаш се дружел на тоа место. Освен тоа, Меган Фокс сето тоа го направила со високи потпетици, што е за секоја пофалба.

# Били Ајлиш била на еден состанок додека имала 13 години по кој останала потполно сама. Момчето со кое се бакнала на тој состанок ѝ кажал дека не бил толку воодушевен како што мислел дека ќе биде и си заминал дома, оставајќи ја потполно сама.

# Пит Дејвидсон има интересна приказна од состанокот со Ариана Гранде на кој се појавил во обична тренерка, бидејќи не знаел дека станува збор за состанок. Во прашање било нивно дружење со уште неколку пријатели, а кога сите заминале дома, Пит на крајот ја бакнал Ариана, со тоа што пред тоа знаел дека и тој ѝ се допаѓал на пејачката.

# Софи Тарнер е избраничката на Џо Џонас која на нивниот прв состанок со себе носела и неколку свои машки пријатели, бдиејќи не очекувала многу од Џо. Но, на крајот тој состанок завршил така што со часови зборувале, а сеа се и во брак од 2019 година.

# Џастин Бибер не добил втора шанса по еден катастрофален состанок. Својата тогашна симпатија ја однел на шпагети, кои му го уништиле целиот состанок бидејќи успеал јадењето да го истури по себе и тоа причината зошто не добил втора шанса.

# Карди Би имала можност која ја немаат многумина, а тоа е дека на првиот состанок со Офсет да оди, ни помалку ни повеќе, туку на Super Bowl. Тој сакал да ѝ се докаже со тоа, а очигледно и успеал со оглед на тоа што и денес се во брак.

# Ема Вотсон на еден состанок поминала низ ситуација низ која не треба да помине ниту една девојка, а тоа е дека тоа момче ѝ кажало дека не може да биде пријател со дебели луѓе или со било кои други луѓе кои му се непривлечни. Ужасно.


Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: