Ниту семејство, ниту училиште: Проблеми со кои денес младите се соочуваат
Младите имаат сопствени проблеми и стравови, но и проблеми со своите пријатели, кои непримерно се однесуваат. Во тоа може да им помогнат советите на стручните луѓе.
# Често сте во лошо расположение?
Вашите пријатели изглегуваат да се забавуваат, а се што сакате вие е да се завиткате, легнете во кревет и спиете. Секогаш сте во лошо расположение, а не можете секогаш да се „вадите“ на менструацијата на пример. Ништо не ве прави среќни.
Доколку сте тажни две или повеќе недели, тоа би можело да биде депресија. Кажете им на вашите родители како се чувствувате за да ја пронајдете причината. Тие може да ве однесат кај терапевт кој може да ви помогне да утврдите што ви се случува. Говорејќи за своите чувства со родителите, пријателите или лекар, ќе се чувствувате подобро.
# Вашата пријателка премногу јаде, па потоа повраќа?
Секој ден на ручек вашата пријателка многу јаде, а потоа трча до тоалетот за да поврати. Сте и кажале дека сте загрижени, но таа го игнорира тоа.
Тоа може да биде пореметување во исхраната. Доколку некој упорно повраќа по јадењето, тогаш навистина може да го загрози своето здравје. Бидејќи не ве слуша, потребни се разговори со повозрасна личност - родител, професор, училишен педагог или психолог.
Доколку вие премногу јадете, а потоа повраќате - побарајте помош од личност во која имате доверба.
# Претерано внесување на алкохол?
Вие или некој друг кој ви значи многу често се опива, а тоа ве загрижува.
Разговарајте со лекар, социјален работник, психолог или советник. Златното правило гласи: „Никогаш не пијам кога возам и никогаш не влегувам во кола со некој кој е пијан“.
# Се чувствувате изолирано?
Навивачи, тимови, групи, спорт, други деца... Имате впечаток дека сите во училиштето се во некоја група, освен вие. Имате впечаток дека сте заглавени некаде настрана.
Пронајдете пријатели кои имаат исти интереси како вас. Вистинските пријатели нема да ве исклучат од активностите, затоа што не сте доволно популарни или не носите брендирана облека. Тие ќе сакаат да се дружат со вас онакви какви што сте.
# Не ве викаат на забави?
Големи забави или концерти - има уште неколку дека, вас никој не ве повика. Сите ваши пријатели веќе се организирале?
Прашајте некој. Изберете некој кој ви се допаѓа или ви е пријател за да одите на тој „настан“ заедно. Но, можете да одите и сами или со група пријатели.
# Лоша пријателка?
Таа е убава, популарна и зборлеста, озборува, сите ги нарекува со погрдни имиња и во суштина е злобна личност.
Разговарајте со пријателите, родителите или професорите. Избегнувајте ја и дружете се само со вистинските пријатели. Никогаш не ги прифаќајте озборувањата сериозно.
# Кражба на тинејџери кога се во шопинг?
Секој пат кога одите во шопинг со својата најдобра пријателка или пријател, тие крадат нешто.
Кажете им дека сметате дека тоа не е во ред. Доколку не сака да сопре, немојте со нив веќе да одите. Доколку продолжи да краде додека сте со неа, можете и вие да бидете во невоља, доколку ја фатат.
# Како да раскинете?
Како да ставите крај на врската, а да не „скршите срце“?
Бидете искрени, но бидете и љубезни. Раскинете во живо, а не текстуално (писмо, СМС или преку интернет). Не озборувајте ја „поранешната љубов“ по разделбата. Покажете почит кон таа личност со која сте биле.