Ниту таа не остана рамнодушна на најпопуларната боја: Анастасија Ражнатовиќ го носи најбараниот маникир за оваа есен

Ниту таа не остана рамнодушна на најпопуларната боја: Анастасија Ражнатовиќ го носи најбараниот маникир за оваа есен

Објавена во: Мода // In and Out

Кафеавата боја на ноктите преку ноќ стана апсолутен хит, а на овој тренд не одолеа ниту пејачката Анастасија Ражнатовиќ.

Иако на некое време можеби се заборавија салоните и професионалната нега на нокти, се чини дека се повеќе девојки им се враќаат на професионалците и им ги доверуваат рацете на нив.

Иако тогаш имаме можност за широк избор на бои, оваа есен кафената јасно се истакна како еден од главните фаворити. Ако само го погледнете Инстаграм, ќе разберете зошто.

Под хаштаговите #nailtrends и #autumnnails ќе видите море од фотографии за нокти со различни нијанси на кафена боја.

Токму оваа боја денес ја имаат на своите нокти најпопуларните девојки, а на овој тренд не можеше да одолее ниту Анастасија Ражнатовиќ. 

Пејачката со овие нокти се пофали на својот Инстаграм профил, а јасно е дека отсекогаш имала непогрешливи избори, дури и кога е модата во прашање.

Забележавме дека уште еден хаштаг се издвојува како еден од попопуларните, а тоа е #chestnut, кој мора да го имате на вашите нокти оваа сезона бидејќи е лудо популарен. 

Лакови во кафени тонови се погодни за секоја пригода, но во исто време оваа боја не може да се смета за тривијална во дизајнот на ноктите.

За оние дами на кои им здодеа црвените нокти и сакаат да променат нешто, им советуваме да пробат со топли тонови на чоколадо, кафе и капучино, бидејќи како што велат артистите за нокти, ова се најмодерните бои на есента.


Фото: Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: