Нивната единствена желба е мајка им да ги гушне и повторно да си ја видат сестричката: Тажна, тешка и болна приказна на две момчиња од Босна

Нивната единствена желба е мајка им да ги гушне и повторно да си ја видат сестричката: Тажна, тешка и болна приказна на две момчиња од Босна

Објавена во: Crush Of The Week, Семејство

Азур и Омер Хусејновиќ, момчињата кои мајка им ги остави, ја раскажаа својата тага и си ја соголија душата

Приказната од 2019 година го потресе регионот, станува збор за двајца браќа од Живинце, две момчиња чија единствена желба е мајка им да се врати.

Мајката заминала во Германија со петгодишната сестра, а тие останале да живеат со татко им, рекоа во емисијата „Исполни ми желба“.

Тие живеат во колективниот центар на Караул, во Живинице, а покрај тоа што условите за живот се многу тешки за децата, тие се и крајно тажни, осамени и повредени бидејќи нивната мајка си заминала и нема намера да се врати.



„Кога татко ми оди на работа, брат ми прави нешто за јадење“, вели десетгодишниот Азур.

„Понекогаш немаме храна, но јас готвам што било, само за да може да јаде“, вели дванаесетгодишниот Омер.

Во 2019 година, момчињата имаа само 10 и 12 години, и зборуваа како возрасни, се снаоѓаа, толку мали, а сепак толку свесни за својот проблем, се грижеа еден за друг, си правеа ручек.

Нивната единствена желба е мајка им да ги прегрне, да се врати, да им ја врати сестрата и сите повторно да бидат заедно.

Момчињата многу страдаат поради својата мајка и сестра.

Најголемата желба на момчињата Азур и Омер е семејството повторно да биде заедно, мајка им и сестра им да се вратат, да ги гушнат и бакнат.

По оваа тешка приказна, останува прашањето како некој може да ги напушти сопствените деца, знаејќи дека тие страдаат.

Дали нивната мајка се вратила, дали семејството после тоа е заедно, нема информации, но сите се надеваме дека децата си ја нашле среќата.



Извор: Kurir.rs/ Hayat.ba

Објавена во: Crush Of The Week, Семејство

Можеби ќе ве интересира: