Нивните забави се најпосетувани: Момците од „Либеро“ наскоро со нова песна и спот!
Нов музички проект со неколку песни и спотови, поврзани на начин кој засега останува изненадување, најавуваат момците од Либеро бенд за престојниов период.
Новитетот стартува со промоција на првата, од низата песни, насловена „1000“, певлива летна песна со модерен ритам, зад која се потпишуваат Слаткар и Дејан Стојановиќ - текст, музиката е на Дејан Стојановиќ, а миксот и мастерот на Иван Јованов.
Песната ќе биде промовирана заедно со спот, кој ќе биде и 8-ми по ред на најпопуларната машка група кај нас, под режисерска палка на Даниел Јовески, снимен во Охрид со посебна техника за снимање, кај нас малку позната, техника која уште повеќе ќе даде уникатна димензија на самото видео и целиот проект.
Промоцијата очекувајте ја неколку дена на нивниот официјален канал на „You Tube“, како и на профилите на социјалните мрежи „Facebook“ и „Instagram“.