НЛБ БАНКА ВОВЕДУВА ПРВ И ЕДИНСТВЕН МОБИЛЕН КРЕДИТ- МКЛИК КРЕДИТ
НЛБ Банка, преку онлајн настан на социјалните мрежи, денеска промовираше воведување на нова функционалност преку НЛБ мКлик мобилното банкарство- мКлик кредит. Со ова за прв пат на македонскиот пазар, барањето и одобрувањето на кредит на клиентите им станува достапно директно преку мобилен телефон.
Преку НЛБ мКлик кредитот клиентите можат многу едноставно и брзо, во само неколку чекори, да аплицираат и да добијат кредит преку НЛБ мобилното банкарство.Процесот е целосно дигитализиран и автоматизиран, без потреба од посета на експозитура и без дополнителна документација.
„Во последните неколку месеци, во услови на пандемија интензивно работевме на унапредување на дигиталните канали со цел поголема достапност на услугите на Банката и подобрување на корисничкото искуство, како и заштита на нашите клиенти и вработени. Како резултат на повеќемесечен ангажман, денес го воведуваме мКлик кредитот – прв и единствен целосно дигитализиран кредит преку мобилен телефон. Со ова направивме значителен исчекор во дигитализацијата на нашите продукти, а на клиентите им даваме единствена можност за користење на кредит согласно нивните потреби, од било кое место и во било кое време.”- истакна г-дин Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.
НЛБ мКлик кредитот е наменет за приматели на плата или пензија во Банката, а за да можат клиентите да аплицираат, потребно е да имаат избрано мКлик пакет со привилегија за плаќање. По одобрувањето на барањето за кредит, средствата од кредитот се исплаќаат веднаш, директно на трансакциската сметка на клиентите.
Преку мКлик кредитот, мобилно банкарство е збогатено со дополнителна и значајна функционалност и со тоа сѐ повеќе станува незаменлив дел од секојдневието на клиентите кои на овој начин можат да ги вршат сите банкарски трансакции од комфорноста на својот дом.
Повеќе информации за мКлик кредитот се достапни на линкот