Ноа Сентинео е заљубен во Селена Гомез:„Таа е прекрасна, тешко дека некој може да ѝ одолее!“

Ноа Сентинео е заљубен во Селена Гомез:„Таа е прекрасна, тешко дека некој може да ѝ одолее!“

Објавена во: Stars // Филм

Ѕвездата од филмот To All The Boys I've Loved Before, Ноа Сентинео, сè повеќе станува симпатија на тинејџерките ширум светот, но дали ќе ѝ стане симпатија и на Селена Гомез останува да дознаеме наскоро...

Во интервју за Entertainment Tonight, тој призна дека е заљубен во неа иако немал прилика да ја запознае и да поразговараат, но би сакал. Во истото интервју актерот раскажа и дека не само што е вљубен во неа туку и дека би ја одвел на состанок. 

Таа е прекрасна тешко дека некој може да ѝ одолее, кога би оделе на состанок најверојатно би вежбале јога, би планинареле или би отишле на некој излет прeку океанот.“, призна тој.

Oчигледно беше дека на Ноа премногу му се допаѓа актерката уште откако го објави коментарот под нејзината фотка на Инстаграм.

Селена сè уште не одговори на неговите љубовни изјави, а на сите ни е јасно дека за љубов се потребни двајца. Распоредот на Ноа засега е малку пренапорен, а Сел сè  уште се опоравува, така што останува да видиме што би можело да случи меѓу нив.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: