Ноќта на вештерките поминете со хорор филмови: Топ 5 култни хорори кои секој мора да ги изгледа барем еднаш (ВИДЕО)

Ноќта на вештерките поминете со хорор филмови: Топ 5 култни хорори кои секој мора да ги изгледа барем еднаш (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Нема Ноќ на вештерките без култните хорор филмови...

Се наближува најстрашниот период од годината - Ноќта на вештерките. Немате никакви планови со друштвото? Никој нема идеја што да облече и каде да одите?

А, зошто не организирате некоја домашна забава и Ноќ на хорори? Соберете го своето друштво и поминете ја Ноќта на вештерките пред екранот, со пуканки и вкусна храна, гледајќи филмови од кои ќе ви се заледи крвта и поради кои колективно ќе се тресете под ќебе. 

Ви носиме предлози од неколку култни хорори кои секогаш е добро да се изгледаат, но и нови филмски остварата по кои ќе ви биде страв да се вратите дома без придружба.

# Psycho

Американскиот психолошки трилер од почетокот на 60-тите години на минатиот век, се вбројува во класиците. Сцената со туширањето со подигнат нож и стравична музика во позадина е идеална за создавање вистинска атмосфера за најстрашната ноќ во годината.


# A Nightmare on Elm Street

Станува збор за филм од 1984 година, поради кој многумина немаат спиено. Ќе можете ли вие да заспиете откако ќе го изгладате или ќе си кажувате: „One, two, Freddy is coming for you... Three, four, better lock your door...“?


# The Silence of the Lambs

На вашиот репертоар може да се најде и психолошкиот хорор за канибал, кој својата премиера ја имаше пред 30 години и тоа ни помалку, ни повеќе, туку на Денот на вљубените. Погледнете ја приказната за серискиот убиец кој од кожата на своите жртви шие костум.


# The Conjuring

Филм кој трае цели два часа, снимен е по вистински настани во кој истражител на паранормални активности му помага на семејство, чиј дом го тероризираат темни сили.


# Hereditary

Хорор сензацијата од 2018 година која многу филмски критичари ја прогласуваа за најстрашен филм на годината, па и на деценијата. Ѕирнете во светот на семејството кое по смртта на своите мајка и баба Елен Грахам настојува да ја избегне злобната судбија, која очигледно ја наследиле.


фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: