Нокти на кои сите ќе се воодушевуваат: 10 едноставни тренди маникири за ова лето
Обезбедете се со луди бои и започнете да експериментирате...
Летото брзо се приближува, на во продолжение ти подаруваме инспирација за маникир на кој сите ќе ти подзавидат:
# Мини цртежи
Овој дизајн е за оние кои имаат мирна рака и талент за цртање, а конечниот резултат ќе биде нокти кои ќе посакате да ги врамите.
# Пастелна палета
Кој вели дека мора да изберете само една нијанса? Ова е совршена техника и разигран изглед.
# Спојување на неспоивото
Поминете низ својата колекција на лакови и изберете две наизглед неспоиви нијанси. Пастелно розева и боја на сенф? Можеби тоа е вашата совршена комбинација.
# Точки на сите страни
Без разлика дали ќе се одлучите за класичната црно - бела комбинација или ќе испериментирате со пастелни и неонски нијанси, овој маникир ќе го постигнете едноставно, а со него ќе го привлечете вниманието.
# Метален сјај
Ова е идеален маникир за едноставни девојки кои не сакаат комплицирани техники и примероци, сакаат одличен ефект.
# Мала доза на витамин
На ноктите можете да нацртате што сакате, па така и своето омилено овошје. Доколку не сте добри во минијатурните цртежи, пробајте да пронајдете налепници за нокти кои ќе ви ја олеснат работата.
# Бранови
Имали поидеален дизајн за летото од морските бранови? Проѕирниот лак не мора да биде здодевен доколку се комбинира на овој начин.
# Неонски обрач
Средината на ноктот налакирајте ја со неотрална боја, а ноктите врамете ги со комбинација на неонски нијанси за шарен и забавен изглед.
# Превртен француски маникир
Наместо да ги налакирате врвовите на ноктите како кај францускиот маникир, пробајте да го налакирате почетокот. Посебно убава е оваа црно - златна комбинација.
# Тропски принт
Овој маникир исто така има потреба до вешта рака, но овој пример од палми изгледа совршено со коктел во рака.