Нокти со најмногу лајкови на Инстаграм: Кои се најбараните бои без кои есента е неизбежна, а секоја тренди девојка веќе ги има

Нокти со најмногу лајкови на Инстаграм: Кои се најбараните бои без кои есента е неизбежна, а секоја тренди девојка веќе ги има

Објавена во: Мода // In and Out

Можностите за комбинирање се неограничени и токму тоа есенскиот маникир оваа сезона го прави многу интересен.

# Секој нокт води своја политика

Оваа есен не само што е доволено, туку е апсолутно препорачливо секој нокт да „води своја политика“. Кафена, беж, црна, борда... Ставете ги пред себе сите есенски нијанси на лакови за нокти, изберете палета на бои и препуштете се на експериментирање.

Вашите нокти ќе изгледаат уредно, модерно и есенско. Мораме да признаеме дека ова е еден од омилените трендови.

# Црвената е секогаш ИН

Ноктите во црвена боја се секогаш популарни, а ниту оваа година нема да биде нешто поинаку. Тие ја претставуваат елеганцијата, престижот, а деталите во друга боја е она што потребно не само на ноктите, туку и на целокупниот имиџ оваа есен. Внесете дополнителна топлина во вашиот изглед, а оваа гламурозна нијанса совршено ќе се вклопи со бохо џемперите, шарените капути и еднобојните чизми.

# Есенско експериментирање 

Ако се одлучите за малку експериментирање и посакате да се пробате во апстрактните видови на уметност, сега е вистински момент. Замислите вашите нотки да се блок за цртање, а лаковите да се водени боици... Неутралната или бежовата подлога се задолжителни, а преку неа можете да ставите што сакате - неправилни линии, точки, бранови во сина, златна или било која нијанса кои ти изгледа кул. Сè е дозволено.

# Нијанси во пудра боја

Сува, „nude“, пастелно зелена, жолта... Продолжете го летото со овие топли и кремасти нијанси на ноктите. Можете да ги комбинирате по сопствена желба, бидејќи не постои идеален рецепт, секоја комбинација изгледа совршено.

А, кој од овие тренди есенски нокти сакате да го видите на вашите раце?


Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: