Нормална и скромна девојка: Џејла Рамовиќ се вози во градски превоз (ФОТО)

Нормална и скромна девојка: Џејла Рамовиќ се вози во градски превоз (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Иако многумина, откако победија во шоуто за музички таленти „Ѕвездите на Гранд“, но и за кое било друго шоу или натпреварување на Балканов да се работи, веднаш прават промени во животот и избегнуваат јавни превози, таа е поразлична.

На Џејла ѝ предвидоа одлична кариера, но таа донесе одлука музиката да ја остави настрана. Не засекогаш, за среќа на сите оние што ја следат нејзината работа, туку до моментот кога ќе земе факултетска диплома во рацете.

По две песни и турнеја низ дијаспората, Џејла го положи приемниот испит и се запиша на факултет, нагласувајќи дека верува дека е се уште е млада за да се справи со шоу -бизнисот, и дека нејзината кариера дефинитивно ја чека откако ќе ја проживее младоста како девојки на нејзина возраст и ќе стекне сознанија наспроти поразличниот живот кој ја чека доколку ја постави својата музичка кариера како нејзина примарна цел.

Сепак, покрај универзитетските обврски, Рамовиќ е активна и на социјалните мрежи, така што оние што ја следат моментално можат да ги гледаат авантурите на нејзините сестри Шила и Лејла и нејзе.

А на едно од видеата кое го објавија се гледа како се возат со јавен превоз, што предизвика ентузијастички коментари од оние што ја следат Џејла, а тие, меѓу другото, и велат: „Убаво е да се види некој што стана познат, се уште да живее нормално, и да не слика скапи работи, но објавува нешто вакво, скромно, благодарам што постоиш“.

извор;telegraf.rs


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: