Норт Вест покажа како Кортни го украсила домот за Божиќ: Сите се прашуваат колкави ќе им бидат сметките за струја

Норт Вест покажа како Кортни го украсила домот за Божиќ: Сите се прашуваат колкави ќе им бидат сметките за струја

Објавена во: Совети // Семејство

Не очекувавме ништо помалку од нив...

Доколку некогаш сте се прашале како изгледа Божиќ во семејството Кардашијан, благодарение на Норт, сега ќе го дознаете и тоа! Норт сними дел од божиќната атмосфера од една од нивните куќи, а може да се каже дека не очекувавме нешто помалку гламурозно од она што се гледа во видеото. Во секој случај, куќата е скоро па претворена во сијалички.

Норт неодамна отвори ТикТок профил заедно со мајка ѝ Ким, а таму често објавуваат некои видео од нивните раскошни куќи и вили. Така неодамна Норт направи вклучување во живо на ТикТок, без дозволата од мајка ѝ, во која ја покажа својата соба и Ким како лежи во кревет. Очигледно е дека Норт често без дозвола од своите родители покажува поединечни работи од нивните животи, а овој пат сними видео во куќата на својата тетка, Кортни Кардашијан, каде покажува како е уредена куќата за Божиќ. 

@thekardashiansdaily

north’s singing tho #northwest #kimkardashian #kourtneykardashian #fyp #kardashians #kuwtk #viral #trending #iconic

original sound - thekardashiansdaily

Коментарите под објавеното видео се насочени и на некои претходни видеа на Норт: „Го сакам тоа што Норт полека ги разоткрива Кардашијанс“, „Зошто ти се потребни толку божиќни дрвца дома?“, „Колкави ќе им бидат сметките за струја?“, „Норт е ми е најдрага од сите Кардашијанс“.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: