Норвешките ТикТок ѕвезди го прекршиле законот: Маркус и Мартинус се едни од нив
Ова лето, норвешката агенција за потрошувачи имаше надзорна акција против 76 од најпопуларните норвешки инфлуенсери на апликацијата ТикТок. Помеѓу нив, дури 24 инфлуенсери имале реклами кои биле или лошо обележани или воопшто не биле обележани. Шест влијателни лица исто така објавувале содржини во кои не е јасно дали станува збор за огласување или не. Помеѓу нив се Џени Софи Лај Пикл, Маркус и Мартинус, Амали Олсен, Стијан „Стајсман“, Торбјернсен и Никлас „Балген“ Полсен.
Маркус и Мартинус имаат над 4.5 милиони следбеници на ТикТок. Добивале писма дека објавата од март 2021 година содржи прикриено огласување. „Грешката е исправена и Маркус и Мартинус се извинуваат што тоа се случило. Ова е нешто што и тие, како и целиот нивен тим го сфаќаат многу сериозно“ - кажа Гилберт Лунде.
Ова сепак не е првпат момците да го прекршат законот за маркетинг. Во 2017 година Дагбладет напиша дека повикот „трчи и купи“ за време на нивниот концерт е исто така прекршок, бидјеќи голем дел од публиката биле деца.