Нов чекор во врската: Том Холанд во Лондон ќе се пресели заедно со Зендаја

Нов чекор во врската: Том Холанд во Лондон ќе се пресели заедно со Зендаја

Објавена во: Stars // Филм

Ѕвездата на Супермен, Том Холанд, нема да има проблем да остане во формата на суперхојот откако планерите се согласија со големото преуредување на неговиот дом, вреден 2,5 милиони фунти, вклучувајќи ја и доградбата на теретена. Ова големо реновирање, финансирано од проценетите 15 милиони фунти кои ги заработи од своите шест филмови на Марвел, поттикна шпекулации дека девојката на актерот, актерката Зендаја ќе се пресели во вилата со него.

Том досега живееше со својот татко, комичарот Доминик и својата мајка Никол, а новата недвижнина е на помалку од една милја од неговата куќа во југозападен Лондон. Коментирајќи ги гласините дека двојката наскоро би можела заедно да го одбира мебелот, изворот кажа: „Том помина многу време претворајќи ја оваа куќа во свој совршен дом, а Зендаја го посетуваше во Лондон, па ќе видиме. Тие се навистина згодна, млада двојка и не сакаат да се разделени“.

Минатата недела, тие двајца беа забележани рака под рака пред куќата на неговите родители, пред да уживаат во нивното патување на Вест Енд. Исто така, имаа и состанок, кој се одржа во тајност со војводата и војвотката од Сасекс.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: