Нов начин за испраќање пораки на Инстаграм: Го имаш ли и ти овој новитет?
Дали си еден од среќниците кои ја добија оваа новина?
Инстаграм и останатите соцјални прежи постојано доаѓаат со некои нови промени кои би ни го олесниле и подобриле нивното користење. Најнов додаток овој пат има Инстаграм и станува збор за начинот на испраќање пораки.
Допишувањето на Инстаграм сега ќе биде уште подобро, бидејќи се испробуваат нови начини на испраќање пораки. Ако оваа тест фаза се покаже како успешна, оваа опција ќе им биде достапна на сите. Засега е достапна само за дел од корисниците, како што е обичај за Инстаграм, никогаш новитетите не доаѓаат на сите одеднаш. Таа нова опција се вика „silent“, пишува Distractify. Станува збор за тоа дека ќе може да му испратите порак ана некој, но „тивко“, така што таа личност нема да добие известување дека добила порака. Сите други пораки ќе ѝ пристигнуваат нормално со известувања, но кога ќе се одбере опцијата „@silent“, тогаш тоа нема да биде случај.
#Instagram is testing the ability to send silent messages in DM
— Hammod Oh (@hammodoh1) January 6, 2022
You’ll be able to send messages and the receiver won’t be notified pic.twitter.com/MsLiar4Rfp
Ја немаат сите оваа опција, а доколку ти си еден од оние корисници кои ја имаат, можеби тоа не го ни знаеш. Можеш да провериш така што кога ќе тргнеш на некој да му напишеш порака, пред пораката ќе напишеш „@silent“, а доколку ти с епојави мал опција како на твитот погоре, значи дека ја имаш таа опција, а доколку не, тогаш ќе мораш да почекаш да биде овозможена и кај тебе. Засега оваа опција е достапна смао во групните разговори. Бидејќи уште е во фаза на тестирање ќе видиме што ќе се случува со неа. Доколку се покаже како добра, најверојатно ќе биде можно и да се користи и во разговорите со само една личност.
фото: sergey causelove / Shutterstock