Нов опасен предизвик се шири на ТикТок: Забавен е сѐ додека не стане кобен
Доволен е еден момент и може да го истегнете 'рбетот...
Секогаш постои предизвик за кој има предупредувања од сите страни дека не е паметно да се прави, затоа што една секунда и ситуацијата може да заврши надвор од контрола. Овој е еден од нив.
Ако нешто е популарно и многу луѓе го прават тоа, без размислување ќе посакаме да го направиме и ние, дури и без момент да размислиме дали е навистина паметно и какви се последиците. Некои предизвици се тука само за забава и јасно е дека се безопасни, но се појавуваат и некои предизвици како овој предизвик „Back Crack“, кој навидум изгледа забавно и задоволувачки, но еден погрешен потег и можете да завршите со повреден 'рбет. Не звучи многу добро. Овој предизвик е нов кој е тренд на ТикТок, а станува збор за истегнување на 'рбетот со помош на друго лице за да слушне тоа задоволително „клик“.
@yaimkai Thank u lil bro ##backcrackchallenge ##fyp ##siblings
original sound -
Под овој хаштаг постојат над 30 милиони видеа! Можеби изгледа како уште еден предизвик, но сè додека не размислите малку за тоа. Ова изгледа како нешто што треба да го направат хиропракторите, луѓе кои се образовани во оваа област и знаат да оптегнат некого без да го повредат. Кога аматери го прават тоа дома, да, може да помогне и да испадне добро, но може да заврши и со тоа што ќе ви се истегне 'рбетот, ќе го помести од место или некоја друга уште полоша ситуација.
@urtiredwhore the RELIEF i felt oml ##fyp ##backcrack ##backcrackchallenge ##mybrotheristhebest
original sound - sage
Кога хиропракторите ги истегнуваат луѓето, тие добро проучуваат каде, што и како да се повлечат без да го повредат лицето. На овој начин кога некој тоа го прави сам дома, ќе се чувствува добро во тој момент, но нема да има долготраен ефект каков што е после посета на специјалист. Особено ако ова е нешто што го правите повеќе пати, тоа може да создаде проблеми како ран артритис, искривување на 'рбетот и многу други проблеми. Затоа сите се предупредуваат да не се истегнуваат на овој начин, бидејќи во одреден момент, некој ќе стори нешто погрешно.