Нов портрет на кралското семејство: Целото внимание го украде Џорџ
Кралицата Елизабета II објави нови фотографија со трите најблиски наследници на престолот: најстариот син принцот Чарлс, внукот принцот Вилијам и правнукот принцот Џорџ.
„За да се одбележи почетокот на новата деценија, објавен е портрет на нејзиното височество кралицата со нивното височество принцот од Wales, војводата од Кембриџ и принџот Џорџ“ - објавија од Бекингамската палата.
Фотографијата ја сними шкотскиот фотограф Ranald Mackechnie во салата на престолот во палатата.
Елизабета е најдолговечниот британски монарх и со земјата владее од 1952 година, Џарлс е прв во наследниот ред, додека Вилијам и Џорџ се втори, односно трети.
Mackechnie кралицата со тројцата наследниците ги фотографираше во 2019 по повод нејзиниот 90 - ти роденден.