Нов трик за совршена коса без посета на фризер: Како во 3 чекори да се спасите од испуканите врвови?
Испробајте го овој генијален трик за долга и здрава коса...
По виткањето на косата со чорапи и појас од наметка, ТикТок ни носи уште еден вирален трик за коса од кој сите се воодушевени.
Имено, станува збор за туторијал за шишање на испуканите врвови во домашни услови. Знаеме дека звучи застрашувачки да се шишаш дома, но станува збор за навистина едноставен трик за кој нема потреба да имате премногу знаење, искуство, а ни вештина, бидејќи може да се направи во само три чекори. Оваа одлична техника ни ја откри младата Британка Стефани Вилијам која на својот ТикТок профил објави видео во кое покажува како таа ја одржува својата коса.
За почеток, косата треба да ја поделите на неколку делови и темелно да ја исчешлате. Потоа, косата повторно раздвојте ја на помали делови; тие мали делови цврсто затегнети ги и вашите испукани врвови ќе се истакнат од замотаниот прамен. На крајот, само скратете ги врвовите и вашата коса за кратко ќе изгледа поздраво, а нема да треба да жртвувате драгоцени центиметри. Стефани вели дека овој процес треба да го повторувате на секои 3 недели за вашата коса да остане здрава и за да го стимулирате растот на косата. Оваа метода и ја открила нејзината мајка, а таа ја сподели со своите следбеници на ТикТок. Видеото набрзо стана вирално, а сега има скоро 2 милиони прегледи.
@stef_fit Stop split ends & means hair won’t break off so easily, trick my mum told me Curly hair straighten it first ##hairtut ##chopshop ##fyp
Like That X Sunday Best - rapidsongs