Нова Бресквица: Анџела се поздрави со „минивалот“ - повторно ја промени фризурата
Игњатовиќ реши да ја промени фризурата, и освен што ја офарба, направи и шишки...
Пејачката Анџела Игњатовиќ Бресквица, неодамна објави уште еден сингл под назив „Маска“, која веќе владее на Јутјуб. Освен песната, таа реши следбениците да ги почести и со неколку видеа на кои се гледа дека ја има променето фризурата.
Имено, Бресквица се врати на старо, поточно косата ја офарба во темно црвена боја, додека краевите ги офарба во посветла црвена боја.
Судејќи по сè, „минивалот“ ѝ здодеал, па решила да се врати на она што повеќе ѝ годи. Освен тоа, сега направи и шишки, а на Инстаграм им се пофали на следбениците со новиот изглед.
Како што објасни и самата, самиот процес на фарбање и враќањето на црвената боја бил исцрпен.
„Траеше од 12 часот попладне до 3 часот наутро првиот ден, а другиот од 7 навечер до 2 наутро, но вредеше“ - напиша младата пејачка во описот.