Нова кампања на Телеком #WhatWeValue за поддршка на волонтеризмот на генерацијата Z
* Лидерите на волонтерските проекти од генерацијата Z можат да пријават непрофитни проекти, да се поврзат со заедницата и да привлечат нови волонтери, за што им се отвора можност да добијат дополнителна поддршка од Телеком.
* Кампањата е дел од постојаната заложба на Дојче Телеком за поддршка на дигиталниот оптимизам на генерацијата Z.
* „Донирај компјутер“ и Ways2Help се првите волонтерски организации коишто ќе добијат поддршка од Дојче Телеком за уште повеќе да го зајакнат своето влијание.
Дојче Телеком му дава поддршка на волонтеризмот на генерацијата Z преку бесплатната глобална дигитална платформа #WhatWeValue (#ШтоВреднуваме). #WhatWeValue произлезе од фактот што 82% од генерацијата Z на глобално ниво велат дека тие се на некој начин активни во застапувањето и активизмот при што најголемата мотивација е токму влијанието врз заедницата, пријателите и семејството[1]. Брендот, пак, ја препознава важноста од преземањето акција од страна на идните генерации во однос на животната средина и социјалните каузи и ја нуди својата поддршка преку оваа иницијатива. Платформата ја користи технологијата NFT за да ги трансформира можностите на дигиталното поврзување во вредност од реалниот свет, истовремено промовирајќи ги каузите коишто се од значење за генерацијата Z.
Дигитална заедница иNFT за „добро“
Пристапот до платформата е слободен.Таа е отворена за лидерите на волонтерски проекти на возраст помеѓу 18 и 30 години од земјите во Европа каде што е присутен брендот на Телеком со цел хостирање на нивните волонтерски проекти.Лидерите на проектите коишто ги исполнуваат задолжителните критериуми можат да ја претстават и збогатат својата работа на платформата.Разновидните категориина проекти опфаќаат полова, расна и социјална еднаквост, застапување за лицата со попреченост, климатски промени, урбана регенерација, ментална благосостојба, миграции и друго.
Создавање влијание во реалниот свет
Онлајн заедницата #WhatWeValue може да ги поттикне (со кликнување „ми се допаѓа“, „сподели“ и „заследи“) прикажаните проекти и на тој начин да ја зголеми нивната севкупна вредност и да им обезбеди повисок ранг. На крајот од секој месец, двата проекти со највисока вредност добиваат прилагодена поддршка од Телеком за да стекнат ултра поттик за нивните каузи.
Веќе се познати и првите волонтерски организации на национално ниво коишто ќе добијат безготовински бенефиции од Дојче Телеком. Од Македонија, тоа се волонтерските организации „Донирај компјутер“ и Ways2Help.
Борче Стаменов од „Донирај компјутер“, чијашто основна кауза е да им овозможат дигитална инклузија на децата од социјално загрозени семејства коишто не можат да си дозволат компјутер поради што им е ускратено правото на еднакво квалитетно образование, вели: „Поддршката од Дојче Телеком е од суштинско значење: со пристап до интернет и едукација како соодветно да се користат уредите се овозможува сите да се вклучат во можностите коишто денес се на располагање. Нè радува фактот што ја споделуваме целта за дигитална инклузија и оваа помош на нашиот тим ќе муовозможи да го зголеми бројот на донации, а со тоа и процесот на дигитална инклузија.“
Александра Манолчева, лидер на волонтерската организација Ways2Help, изјавува дека #WhatWeValue е одлична мотивација и охрабрување за волонтерите коишто на ваков начин разбираат дека се видени, слушнати и поддржани, особено оние младите, желни за промени, на кои им се зацврстува вербата дека има надеж за оптимизам и подобро утре во заедницата. „Поддршката од вакви големи иницијативи кои што вложуваат во „мали“ проекти се надоврзува и го поткрепува идеалот на Ways2Help. Воедно, ја шири пораката на брендот на глобално ниво за тоа како давањето „малку од секој од нас е многу за некој од нас!“, вели Александра.
По првото лансирање во јуни 2022 година, платформата веќе хостира речиси 100 разновидни проекти од повеќе од 10 различни држави.
Дојче Телеком вети дека ќе обезбеди материјална поддршка за 6 водечки проекти за секоја земја, во текот на 12 недели, за максимален поттик на нивните волонтерски каузи.
#WhatWeValue ќе биде поддржано со серија настани хостирани на страницата на социјалниот медиум Discord. Во текот на 12 недели ќе се споделуваат разновидни инспиративни говори, разговори и приказни од страна на волонтери експерти.
Постојана заложба
Платформата е дел од тековната програма на активности којашто Дојче Телеком ја разви конкретно со цел охрабрување на младите луѓе да се занимаваат со активизам преку поврзаните технологии.Како дел од постојаната заложба за поддршка на генерацијата Z, #WhatWeValue претставува продолжение на кампањите на брендот #WhatWeDoNext (#ШтоЌеПравимеСледно) и #WeAreFutureproof (#ОтпорниНаИднината), коишто ја истакнаа уникатната вредност на првата генерација вистински дигитални деца во градењето попозитивен свет и, воедно, го зајакнаа дигиталниот оптимизам.
Вклучете се
За да поднесете проект или за да дознаете повеќе во врска со платформата на Дојче Телеком #WhatWeValue, посетете ја страницата https://whatwevalue.telekom.com/mk-MK
[1]VICE Media Group Youth Census, Global Gen Z & EMEA, јуни 2022
* ПР - објава