Нова одлука: Хејли Бибер повеќе нема јавно да разговара за својот брак со Џастин Бибер
Како што обожавателите веќе знаат, Хејли и Бибер се во брак три години и во текот на годините отворено разговараа за својата наклонетост која ја имаат еден кон друг. Меѓутоа, манекенката во новата година влезе со нова одлука. Имено, изјави дека повеќе нема да дава интервјуа за својот приватен живот, вклучувајќи го и бракот со Џастин Бибер.
„Медиумите сакаат од секоја ситница да направат мамец за кликови“ - кажа Хејли во интервјуто, додавајќи дека „медиумите отсекогаш биле нешто одвратно“.
Најверојатно тоа е една од причините зошто манекенката сака нивната врска и приватни животи да ги држи далеку од рефлекторите. Исто така, кажа дека нивниот однос го смета за релативно нормален: „Зад затворените врати, ние сме двајца навистина нормални луѓе кои едноставно немаат нормален начин на живот и кариери“ - објасни, па продолжи: „Мислам дека со оглед на големата на кариерата на Џастин тој е сосема нормална личност и не мислам дека тоа секогаш се случува“.
И, иако се заколна дека нивниот живот ќе го држи под велот на приватност, за обожавателите кои се прашуваат за плановите на двојката поврзани со проширување на семејството, таа сподели неколку зборови за нивната моментална ситуација: „Мислам дека би било идеално во наредните неколку години се обидеме. Но, постои причина зошто тоа го нарекувам обид, зарем не? Не знаете колку ќе трае тој процес. Дефинитивно не планиравме деца оваа година; тоа би било малку бирно, мислам“ - заклучи манекенката.
фото: Инстаграм