Нова романса на повидок: Ариана Гранде има момче?

Нова романса на повидок: Ариана Гранде има момче?

Објавена во: Stars // Музика

Пејачката Ариана Гранде ја објави најновата песна „Boyfriend“, јеееј! Станува збор за соработката со познатото дуо Social House, а се зборува дека неговиот член Мајки Фостер го освоил срцето на пејачката, пишува Cosmopolitan. До прашањето за новата романса е дојдено откако луѓето го видоа спотот и ја забележаа хемијата помеѓу Ариана и Мајки.

Овој пар се уште не ја потврди врската, но се зборува дека помеѓу нив има нешто повеќе, но дека се уште ништо не е официјално. Обожавателите тоа го поврзаа со изјавата за песната на Ариана:

„Чувствувам дека оваа песна ги опишува животите на многу луѓе кои ги знам. Луѓето сакаат да чувствуваат љубов, но не сакаат да ги дефинираат односите и имаат проблем со обврзувањето и довербата или да си дозволат сами да сакаат целосно некој. Па дури и оние што сакаат.

Можеби тие двајца се заедно, но се надеваме дека нивниот однос ќе биде помалку драматичен од оној во спотот.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: