Нова улога на познатиот заводник: Војводата од Хастингс наскоро ќе го гледаме во нов филм

Нова улога на познатиот заводник: Војводата од Хастингс наскоро ќе го гледаме во нов филм

Објавена во: Stars // Филм

Уште во април оваа година, актерот Реџе-Жан Пејџ објави дека повеќе нема да имаме можност да го гледаме како Војводата од Хестингс во серијата Бриџертон. Но, тоа не значи дека исчезнува од малите екрани, бидејќи наскоро ќе имаме шанса да го гледаме во еден филм на Нетфликс...

Актерот Реџе-Жан Пејџ, кој ги уркаде воздишки на дамите низ целиот свет поради улогата војводата од Хестингс во серијата Бриџертон, се збогуваше со таа улога уште во април оваа година, пишува „Popsugar“. Но, тоа не значи дека неговата актерска кариера е завршена, но интересно е да се напомене дека, по улогата во серијата, сега ќе проба и во еден филм, а тоа е акциониот трилер на Нетфликс „The Gray Man“.


Овој трилер е базиран на истоимениот роман на Марк Грини, и тука Реџе-Жан Пејџ ќе игра рамо до рамо со Крис Еванс и Рајан Гослинг. Она што го знаеме е дека филмот е веќе снимен и дека е еден од филмовите со најголем буџет во историјата на Нетфликс, но датумот на објавување сè уште не е познат.



Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: