Новата биографска книга открива: Љубовната приказна на Вилијам и Кејт Мидлтон не била отсекогаш бајковита
Некои извори наведуваат дека Кејт и Вилијам неколку пати се сретнале и пред доаѓањето на факултет, иако палатата, а ни самиот пар не го потврдија ова.
Новата книга - биографија на Роберт Лејсли би требало во еден свој дел да ја донесе вистината за запознавањето на војводата и војвотката од Кембриџ, која ќе ги долови нивните турболентни почетоци. Зошто Кејт Мидлтон во последен момент го променила изборот на факултет, како го завела принцот во долна облека и зошто толку чекала за бракот со Вилијам.
Иако никогаш не го криеле тоа дека во својот долгогодишен однос имале кратка пауза, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не се зборлести кога доаѓа на ред прашањето за нивниот љубовен однос од раните почетоци.
Имено, според сознанијата на Роберт Лејсли, Кејт најпрво во договор со две најдобри пријателки одлучила да се запише на универзитетот во Единбург, за да се предомисли во последен момент, кога јавноста веќе дознала кој универзитет го одбрал британскиот престолонаследник.
Некои извори наведуваат дека Кејт и Вилијам неколку пати се сретнале пред доаѓањето на факултет, иако платата, а ни самиот не го потврдува тоа.
Без оглед на тоа, младата и згодна Кејт брзо била забележана од страна на младиот принц. Започнале заедно да одат на различни студентски забави, а симпатиите јавно ги изразила и Кејт.
Кога за љубовната романса на синот на принцезата Дајана и принцот Чарлс дознала јавноста, Вилијам го покажал вистинското лице. На сите јасно им дал до знаење дека нема да ја направи истата грешка како неговите родители кои брзо, неподготвени и млади, влетале во брачните води.
Ваквото однесување не ја обесхрабрило заљубената Кејт, која и понатаму имала надеж дека еден ден ќе му стане сопруга на Вилијам.
Летото 2010 година, принцот Вилијам на 28 години подготвено клекнал и ја запросил својата сакана Кејт.