Новата Елена Ристеска: Недостасуваш со нови песни, а изгледаш најдобро до сега
Не дека ја нема. Можеби не со нови песни или албум, ама на полето на козметиката (бидејќи има свој бренд) одлично ѝ оди.
Елена Ристеска овој период ја имаше на неколку значајни настани со свои мини концерти и искрено фали нејзината енергија на сцена.
Со секое ново појавување е се поубава, а во една прилика изјави дека е среќна што сеуште не користи ботокс, иако ја ситни четвртата деценија.
Она што е најново стилски е една Елена во “вамп стил”.
Покрај облеката, кожена јакна и краток фустан, шминката е во фокусот.
Мејк ап артистот Даниел Николовски ја направил малку поразлично од предходно, но и тоа малку се приметува многу и во еден момент како да гледаме нова Елена која изгледа топ.