Новата генерација на револуционерните Samsung телефони на преклоп, официјално претставена во Северна Македонија

Новата генерација на револуционерните Samsung телефони на преклоп, официјално претставена во Северна Македонија

Објавена во: После „Школо“ // PR

По глобалната премиера на традиционалниот настан Unpaked кој се одржа минатата недела, вчера во Скопје беше свечено претставена новата серија на телефони на преклопување, серијата Samsung Galaxy Z. Посетителите имаа можност да ги пробаат спектакуларните уреди Galaxy Z Fold4 и Z Flip4, како и паметните часовници од најновата серија Galaxy Watch5 и безжични слушалки Galaxy Buds2 Pro.

„Иновативна технологија, вештачка интелигенција, паметни решенија, функционален и модерен дизајн - сето тоа ја карактеризира новата генерација Samsung паметни телефони. Galaxy Z Fold4 и Flip4 ги поместуваат границите на возможното  на паметните телефони со приспособливиот хардверски дизајн, карактеристики прилагодени на личните преференции на корисникот и подобрени перформанси. Двата модели се внимателно изработени за да обезбедат феноменално приспособливо искуство, така што секој корисник има уред кој одговара на сите негови потреби,“ изјави СлавчоТрчков,  менаџер за продажбаво тимот на Samsung Македонија.

Низ интерактивна дружба и споделување на искуства, претставниците на медиумите имаа прилика да ги испробаат најновите уреди кои обезбедуваат неограничена продуктивност и неверојатно прилагодување на потребите на новата генерација корисници кои во постојана трка со времето, не се задоволуваат со конвенционалните паметни телефони.


Galaxy Z Fold4 и Flip4: Телефони кои ги поместуваат границите на вообичаеното

Благодарение на подобрената технологија на камерата, моќниот мобилен процесор, импресивните дисплеи и неверојатно големиот Dynamic AMOLED екран од 7,6 инчи, Galaxy Z Fold4 обезбедува широк простор потребен за успешно извршување на повеќе задачи.

Со потенка шарка, исправени рабови, контрастно матирано стакло на задната страна и сјајни метални рамки, Galaxy Z Flip4 го претставува досега најпрефинетиот дизајн на Samsung, кој исто така може да се пофали со подобрена камера, поголема батерија и познат компактен дизајн.

Клучен елемент на преклопливите уреди на Samsung е ултра тенкото стакло, заштитен материјал кој може да се преклопи стотици илјади пати додека ја задржува својата издржливост и сила.


Комплетен екосистем на паметни уреди Samsung

На серијата Galaxy Z се придружуваат Galaxy Buds2 Pro, новите премиум слушалки на Samsung кои обезбедуваат најизвонредно безжично аудио искуство со нов, компактен дизајн и беспрекорно поврзување, а за целосно да го заокружи својот екосистем, компанијата го претстави и Galaxy Watch5 - најиздржливиот и најкомплетниот паметен часовник Samsung досега. сега, кој е дизајниран да обезбеди сеопфатни и персонализирани велнес искуства.


Нарачајте пред сите!

Искористете го попустот во промотивниот период кој трае до 25.08.2022 во кој добивате 12.000 денари попуст за Galaxy Z Fold4 и 9.000 денари за Galaxy Z Flip4 . Со оваа промоција добивата можност и за откупување на стариот телефон. Исто така, корисниците остваруваат право на осигурување на екранот (осигурување за внатрешниот екран на уредот кое покрива една штета настаната во рок од една година од купувањето на уредот со учество во штетата).

Доколку во периодот до 25.8. купите Galaxy Watch5 или Galaxy Watch5 Pro, добивате Galaxy Buds Live како подарок во вредност од 10 .999 денари.  Додека сокупување на Galaxy Buds2 Pro во промотивниот период до 25.08.2022 ќе добиете на поклон безжичен полнач EP-P2400BBEGEU во вредност од 2.499 денари.


За повеќе информации посетете ја официјалната страница на Samsung:

Galaxy Z Fold 4 https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold4-z-flip4

Galaxy Watch 5 https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-watch5

Galaxy Buds 2 Pro https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-buds2pro

* ПР - објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: