Новата Мис Америка испиша историја: Нејзината уникатност не е само во убавината

Новата Мис Америка испиша историја: Нејзината уникатност не е само во убавината

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Бони Габриел е новата Мис на Америка, а поради една причина влезе во историјата на овој избор

Избрана е новата Мис на САД, а се вика Бони Габриел. Таа ја претставуваше државата Тексас на натпреварот, а воедно е и првата Филипинка во последните 60 години што победила на престижниот избор за убавина.

Затоа, токму таа ќе ги претставува САД на претстојниот избор за Мис Универзум, кој треба да се одржи на 14 јануари 2023 година во Њу Орлеанс.


„О, Боже. Тоа е чест. Добивам пораки на Инстаграм и други социјални мрежи од филипински девојки и жени кои ми кажуваат дека се толку возбудени и среќни. Тие плачеа од среќа, дека им го отворам патот на нив.. Тоа е чест“, изјавила Бони по натпреварот, а пренесува магазинот „Пипл“.


Многумина пишуваат дека испишала историја бидејќи, како што пренесува ABC News, ова била прва година Тексас на изборот за Мис на САД да го претставува филипинка со азиско потекло.

Инаку, Бони дипломирала на Универзитетот во Тексас со диплома за моден дизајн. Работи како дизајнер кој креира еколошка облека и секако се занимава со манекенство. Нејзините хоби вклучуваат јога и цртање.


извор:stil.kurir

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: