Новата опција на Нетфлик го олеснува гледањето на серии и филмови: Особено за оние кои постојано се предомислуваат
Нетфликс конечно воведе нова опција која го олеснува гледањето...
На Нетфликс сега е достапна уште една нова опција која сигурно ќе ни го олесни неговото користење. Новата опција е поврзана со категоријата „Продолжи да гледаш“, каде можеби се наоѓаа некои серии или филмови кои сме се одлучиле да не ги гледаме, бидејќи можеби не ни се допаднале, а само ни пречат во таа категорија. Оваа опција тоа многу ќе го олесни.
Сите барем еднаш на Нетфликс почнале да гледаат некоја серија или филм и само престанале со гледање, бидејќи содржината не им се допаднала. На Нетфликс постои опцијата „Continue Watching“, која чесот ни го олеснува продолжувањето на гледањето на некој филм, а особено серии, бидејќи со само еден клик на неа продолжуваме да гледаме точно таму каде што сме застанале претходниот пат. Но, иритантно е што сите тие серии или филмови кои можеби повеќе не сакаме да ги гледаме и понатаму се во делот „Continue Watching“, а новата опција на Нетфликс сега ќе ни ја олесни организацијата на таа категорија, пишува „The Verge“. Од сега во таа категорија може да се отстранат сите оние серии и филмови кои некогаш сме ги започнале, но повеќе не сакаме да продолжиме да ги гледаме.
Оваа опција ќе им се допадне на многумина, а особено на оние кои целото свое слободно време го поминуваат на Нетфликс и често одлучуваат да не продолжат да гледаат некоја серија или филм. Сигурни сме дека категоријата „Continue Watching“ сега на сите ќе им биде многу поорганизирана, бидејќи во неа сега ќе се наоѓаат само оние работи кои навистина сакаме да ги гледаме, а не и оние кои не ни се допаднале, па сме прекинале да ги гледаме.
фото: unsplash.com