Новата сезона доаѓа побрзо од што очекувавте: Продолжението на „Емили во Париз“ ќе го гледаме на крајот од годината
Првите две сезони од романтичната „feel good“ серија „Емили во Париз“ доживеа огромен успех, па Нетфликс оваа серија одлучи да ја продолжи за уште две сезони. Ако ве интересира што се знае за претстојните сезони, продолжете со читање!
Првата и втората сезона на „Емили во Париз“ доживеаја таков успех што, само две недели по излегувањето на втората сезона, Нетфликс оваа серија одлучи да ја продолжи со уште две сезони. Многу обожаватели оваа вест ја дочекаа со воодушевување, но сега се поставуваат многу прашања како што се: Кога излегува новата сезона? Што ќе се случува со Емили? Каде ќе работи? Кои ликови ќе останат? А, еве што се знае за сето тоа...
Како пишува „Marca“, точниот датум на излегување на третата сезона уште не се знае, но со оглед на тоа што првата сезона излезе во декември 2020 година, а втората во декември 2021 година, изгледа дека и третата сезона би можеле да ја гледаме кон крајот на оваа година.
Што се однесува до актерската постава, Лили Колинс која го игра ликот на Емили, секако останува во серијата, а со неа сигурно ќе останат и Камиле Разат (Камиле), Филипине Лерој-Болие (Силви) и Ешли Парк (Минди) кои на своите Инстаграм профили го споделија воодушевувањето поради излегувањето на новите сезони.
Иако Лукас Браво (Габриел), Самуел Арнолд (Џулијан) и Бруно Гуери (Лук) не споделија ништо на своите социјални мрежи, сепак се верува дека ќе ги гледаме и нив во новите сезони, бидејќи и нивните улоги се прилично значајни.
Се надеваме дека набрзо ќе стигнат уште нови информации, но и трејлер за новата сезона.
фото: Принтскрин/Youtube