Новата тин серија на Нетфликс ги подели гледачите: Една работа најмногу ѝ замеруваат

Новата тин серија на Нетфликс ги подели гледачите: Една работа најмногу ѝ замеруваат

Објавена во: Stars // Филм

Без оглед на замерките, серијата не е лоша и вреди да се погледне...

Гледачите се поделени и би кажеле со причина. На Нетфликс само што излезе новата тин серија „One Of US Is Lying“ и секако дека многумина веќе ја изгледаа. Дали време да се потроши време на неа и зошто би можеле да биде лоша.

Ако ти треба нова серија за гледање, ова е една за која би требало да размислиш како сериозен кандидат. На Нетфликс само што стигна новата тин серија „One Of Us Is Lying“, направена според истоимената книга на авторката Карен М. МекМанус. Книгата беше хит пред неколку години, а сега кога дојде серијата, секако дека сите почнаа да ја гледаат. Дури и оние кои никогаш не слушнале за книгата, ниту пак ја прочитале, бидејќи содржината звучи добро. Пет ученици на првиот училишен ден завршуваат на продолжена настава, т.е. се казнети, а само 4 од нив од училницата излегуваат живи. Еден од нив мора да е убиецот, бидејќи никој друг не бил во просторијата. Кој е убиецот?


Серијата е напната и интересна, ќе се сомневаш во секој по малку. Иако серијата веднаш се најде во 10-те најгледани, гледачите кои ја имаат прочитано книгата имаат голема замерка. Тоа не е тоа. Книгата е топ, а серијата, иако е добро, ни приближно не ги оправдала очекувањата.



Некои не се задоволни бидејќи сценариото не ја следи верно книгата, а други мислат дека тука има многу поголем потенцијал кој не е остварен. Меѓутоа, доколку ја немаш читано книгата, тогаш серијата сигурно ќе ти се допадне, бидејќи немаш никакви очекувања. Вреди да се погледне.

фото: Imdb / Screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: