Новиот Бетмен позитивен на коронавирус: Прекинато е снимањето на филмот поради Роберт Патисон
Ова не е првпат да се прекине снимањето на филмот...
Актерот Роберт Патисон е позитивен на коронавирусот, поради што е прекинато снимањето на филмот „The Batman“, пишуваат странските медиуми.
„Член од тимот на филмот „The Batman“ е тестиран и е позитивен на Ковид - 19 и е изолиран според утврдениот протокол. Снимањето на филмот привремено е паузирано“ - кажаа од продукцијата Варнер Брос.
Иако од продукцијата немаат наведено за кој член станува збор, „Vaniti Fair“ пишува дека во прашање е ѕвездата на филмот „Самрак“.
Снимањето на филмот и претходно беше прекинато, как ои сите останати работи, уште во март, кога беше прогласена пандемија на коронавирус и кога скоро цел свет беше во карантин.
Претставникот за јавноста на Роберт Патисон, а ни актерот не кажаа ништо за ова.