Новиот HUAWEI MATE40 PRO е најеко смартфон на HUAWEI
Со намалување од 28% на пластика, 90% помалку хартија и воведување на електронски гаранции како први во индустријата HUAWEI Mate40 Pro e најеко паметен телефон досега
Huawei, водечката глобална технолошка компанија, дополнително ја зацврсти својата посветеност кон поодржлива иднина, со лансирање на својот најеко паметен телефон досега. Признавајќи дека се потребни мали чекори за да се направи голема промена, неодамна лансираниот HUAWEI Mate40 Pro вклучува 28% намалување на пластиката, 90% помалку хартија и елиминирање на хартиена гаранција. Покрај тоа, новиот HUAWEI Mate40 Proсега содржи само 3,8% пластика во вкупното пакување.
Huawei започна истражување за да открие што луѓето навистина мислат за одржливоста, каде откри дека секој четврти европски потрошувач сака целосно да се запре со пластичните пакувања до 2025 година.
Но, потрошувачите не се загрижени само за пластиката, 71% би сакале хартијата да биде тргната од пакувањето, за да се намали потрошувачката на хартија. И со 90% помалку хартија, новата водечка електронска гарантна картичка им овозможува на корисниците наHUAWEI Mate40 Pro лесно да пристапат до нивните документи со QRкод што може да се скенира со уредот, или едноставно со преземање од веб-страницата на Huawei. Покрај тоа, QuickStart Guide исто така е намален од 340 страници на само 44, а додека законот во моментов спречува целосно отстранување на хартиениот водич, Huawei работи на решавање на овој процес за во иднина.
„Ние во Huawei разбираме декатреба да се преземат смели чекориза да се справиме со сѐ поважните еколошки проблеми со кои се соочуваме секој ден. Лансирањето на нашиот најеко паметен телефон досега, HUAWEI Mate40 Pro, овозможува значително намалување на пластичните и хартиените амбалажи како некои од малите чекори на нашето патување за да се обезбеди позелена и посветла иднина,”изјави Лонгруи Циу (Џефри), Генерален менаџер на Huawei Consumer Business Group за Бугарија и Северна Македонија.
Дополнителни наоди од истражувањето:
·55% од потрошувачите рециклираат секој ден, истакнувајќи дека има уште многу да се направи, за да се постигне целосна кружна економија
·Скоро четвртина (23%) од испитаниците изјавија дека најголема пречка во рециклирањето е забуната што да се рециклира, а што не, со погрешни верувања дека секојдневните предмети како што е стреч фолијата (30%), кутиите за пица (59%) и пакувањата од чипс (37%) се рециклираат
·20% признаваат дека ја фрлаат својата стара електроника, наместо да ги рециклираат или повторно да ги користат деловите
·1% признаваат дека имаат дури повеќе од 10 стари телефони дома
·Дополнителни 1 од 5 испитаници не се свесни дека нивниот паметен телефон исто така може да се рециклира
·Конечно, кога станува збор за најголемите влијанија на одржливоста кај луѓето, катастрофалните настани како што се поплави и пожари, предизвикуваат масовна свест за потребата од заштита на планетата, со 43% кои сакаат да живеат поодржливо
Посветеност на одржливост
Наближувајќи се чекор поблиску до својата мисија да ја отстрани пластиката од пакувањето, Huawei дополнително ги подобри еко квалификациите на HUAWEI Mate40 Pro, преку употреба на 100% разградувачко масло од соја, наместо мастило базирано на нафта, што може да го намали производството на канцерогени и VOCs, кои се главен извор на загадувачи на животната средина.
Преку серија зелени иницијативи што се спроведуваат од 2013 година, Huawei веќе презеде значајни чекори за да помогне во создавање на позелена иднина, вклучително и намалување на емисиите, инвестирање во обновливи материјали, поддршка на целите на ООН за одржлив развој и рециклирање и повторна употреба на отпадот за да се помогне во придонесот до кружна економија.
Интензивно користејќи биопластика од 2013 година, Huawei помага и во намалувањето на загадувањето и негативните влијанија врз животната средина од производството на пластика базирана на нафта. Над 30% од употребената биопластика доаѓа од еколошко рицинусово масло, со што се намалуваат емисиите на јаглерод диоксид за 62,6% и од 2018 година, Huawei ги намали емисиите за 612 тони.
Само минатата година, Huawei рециклираше 1.468 тони отпадна електроника и оваа година е на пат да рециклира повеќе од 3.000 тони. Huawei, исто така, повторно искористи 86% од уредите вратени на рециклирање во 2019 година.
Кога станува збор за енергетска ефикасност, помеѓу 2015 и 2019 година, ова се зголеми за неверојатни 50% кај сите производи на Huawei, и благодарение на употребата на соларна енергија, Huawei ги намали емисиите на јаглерод за 89,000 тони.
Huawei работи напорно и за поправка и враќање на своите производи, со 3.030 центри за поправки низ целиот свет кои нудат удобни, лесно достапни услуги за поправка, а од 2015 година, над 500.000 користени телефони се кај нови сопственици преку трговијата со услуги на Huawei што помага да се придонесе за кружната економија.
За повеќе информации посетете го следниот линк: https://consumer.huawei.com/mk/sustainability/
ПР објава