Новиот стајлинг на Анастасија Ражнатовиќ може да го износите и вие: Ве делат неколку чекори од оваа фризура

Новиот стајлинг на Анастасија Ражнатовиќ може да го износите и вие: Ве делат неколку чекори од оваа фризура

Објавена во: Мода // Moj стил

Многу познати личности ја износија оваа фризура, а за неа потребни ви се само пластични сламки...

Ситни афро локни повторно се во тренд оваа сезона, особено откако ги носеа познатите личности од кои често се инспирираме. На афро локните не можеа да оддолеат ниту Јелена Карлеуша, Сека Алексиќ и многу други музички балкански ѕвезди, а од неодамна со ваква фризура се прошета и Анастасија Ражнатовиќ.

Во продолжение ви го откриваме начинот на кој може да си ги направите и вие, само со помош на пластични сламки.

Измијте ја или намокрете ја вашата коса. Земете што повеќе пластични сламки, односно онолку колку што мислите дека ви се потребни за вашата должина на косата.

Одвојте ја косата на делови, за да ви биде полесно да ја виткате. Земете мало делче од косата и почнете да ја виткате косата околу сламката почнувајќи од коренот. Кога ќе ја намотате косата околу сламката, закачете ја со шнола близу до коренот. Постапката повторете ја со целата коса.

Почекајте да ви се исуши косата или исушете ја со фен за коса, доколку сте претходно сте нанеле спреј за заштита од топлина. Кога косата ќе ви биде сосема сува, извадете ги шнолите и сламките и ете ви ги локните на сите страни. Откако ќе ги извадите сите сламки, расчешлајте ја косата за да добиете фантастична афро фризура.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: