Новиот тест за коронавирус ќе промени сѐ: Го препознава вирусот преку здивот за само неколку секунди

Новиот тест за коронавирус ќе промени сѐ: Го препознава вирусот преку здивот за само неколку секунди

Објавена во: Живот // Живот

Тестот е неинвазивен и покажа одлични резултати во првата студија!

Во Лестер беше развиен нов неинвазивен корона тест, со технологијата што првично се користеше за откривање на рак на белите дробови и други болести.

Британските медиуми објавија дека овој тест, кој се прави со помош на здив, е успешен во идентификувањето на биомаркерите во здивот на лице заразено со коронавирус.

Резултатите од тестот се добиваат за помалку од една минута!

„Имаме искуство во примена на оваа технологија и кога ковид-19 пристигна „на сцена “, нè натера да ги насочиме нашите напори за развој на нови тестови за корона“, рече Санти Домингез, основач и извршен директор на Imspex Diagnostics.

Студијата е спроведена на 98 пациенти, од кои 31 биле заразени со корона, а тестот покажал состојби како што се астма, опструктивно белодробно заболување, вирусна пневмонија и други инфекции на респираторниот тракт.

Истражувачите соработувале со Кралската болница во Единбург и Клиниката Дортмунд во Германија.

„Идентификувавме клучни биомаркери во здивот на лице заразено со корона и резултатите ги добивме за помалку од една минута. Важно е овие податоци брзо да идентификуваат дали некој има корона или други респираторни состојби. Ќе има значителна примена во институциите како што се службите за итни случаи, работни места или установи за нега кои немаат лабораториска поддршка “, наведуваат авторите.

изовop: mondo.rs

насловна фото: TANJUG/AP PHOTO/ANDREA COMAS

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: