Новиот трејлер за обединувањето на дружината Хари Потер ги разнежни обожавателите: Ова буди носталгија
Обожавателите едвај го чекаат ова празнично задоволство...
Како што е познато, на 1 јануари 2022 година ќе биде прикажана специјалната емисија „Harry Potter 20th Anniversary: Return to Hogwarts“, по повод 20 години од прикажувањето на првиот филм од серијаталот за Хари Потер.
Во меѓувреме, се појави и најновиот трејлер кој ги растажи обожавателите, барем според коментарите на Јутјуб.
„Што ја слушнам заштитната музика на „Хари Потер“, се чувствувам како веќе да чекорам во волшебничкиот свет“, „Штета што Алан Рикман нема да биде дел од овој филм“, „Ми се допаѓа како го снимиле овој трејлер. Писмата, повикот, „време е да се вратите дома“... Буди носталгија“ - се само некои од коментарите на Јутјуб.
Инаку, емисијата под назив „Harry Potter 20th Anniversary: Return to Hogwarts“ ќе ги угости ѕвездите како што Даниел Редклиф, Руперт Гринт, Ема Вотсон и останатите актери од франшизата „Хари Потер“.
Како што пренесуваат странските медиуми, публиката ќе може да види многу итнервјуа, разговори и панел дискусии. Ќе се зборува за самата франшиза, а обожавателите ќе може да дознаат и некои анегдоти.
Во емисијата ќе биде и режисерот Крис Колумбус, актерксата екипа составена од Хелен Бонам Картер, Роби Колтрејн, Рејф Фајнс, Гери Олдман, Имелда Стаунтон, Том Фелтон, Џејмс Фелпс, Оливер Фелпс, Марк Вилијамс, Бони Рајт, Алфред Енок, Метју Луис, Евана Линч и други.
фото: Принтскрин