Новиот тренд во шминкањето ги збунува луѓето: Намерно се нагласува нешто што досега го криевме

Новиот тренд во шминкањето ги збунува луѓето: Намерно се нагласува нешто што досега го криевме

Објавена во: Мода // In and Out

2021 изгледа не планира да биде многу подобра од минатата година...

Оваа година започна со тренд кој нема апсолутно никаква смисла, но кој ги освои луѓето. ТикТок сега веќе се покажа како социјална мрежа која создава трендови, а последниот е поврзан со шминкање и истакнување на нешто што досега се обидувавме да го сокриеме.

Со почетокот на новата година, заедницата на „мејкап“ ентузијасти на „ТикТок“ прифати и започна да шири нов тренд, а тоа е цртање на подочњаци. Отпрвин имаше двоумење, но како одминува времето, трендот започна да се шири. Подочњаците за многумина се слаба точка и секој се труди што е можно најдобро да ги сокрие - со коректори, пудри и други чуда. Но, сега, подочњаците стануваат ИН. Како и зошто на никого не му е јасно, но видеата во кои девојките цртаат темни кругови под очите стануваат сè почести.

@sarathefreeelf

GREEK TRAGEDY REMIX - Laura

@daniellemarcan

@sarathefreeelf  and @abbyrartistry  made me do it

GREEK TRAGEDY REMIX - Laura

Фото: shutterstock

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: