Новиот застрашувачки тренд на ТикТок се шири со молскавична брзина: Си ја кубат косата, причината е бизарна

Новиот застрашувачки тренд на ТикТок се шири со молскавична брзина: Си ја кубат косата, причината е бизарна

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Видеото од опасниот тренд го гледаа повеќе од 1,7 милиони луѓе, а се‘ повеќе лица се обидуваат сами да го изведат ова во сопствена режија

TikTok веќе две години е најпопуларната социјална мрежа меѓу помладата популација, а она што најмногу ги привлекува е можноста преку ноќ да стекнат голема популарност.

Во желбата да бидат славни, корисниците на TikTok од ден на ден доаѓаат со нови предизвици и трендови кои честопати се несоодветни, но и опасни по живот. Децата обично им одговараат, мислејќи дека со овој гест ќе бидат омилени на мрежите, но и во општеството.

Последниот во низата опасни трендови го сними фризер кој ја влече косата на клиентот до тој степен што може да се слушне пукањето на скалпот. Видеото го гледаа повеќе од 1,7 милиони луѓе, а најмладите веднаш истрчаа да го пробаат.

Експертите, како и компанијата TikTok, предупредија на опасноста од овој тренд, нагласувајќи дека пукањето на скалпот може да доведе до повреди.

Што е пукање на скалпот?

- Оваа постапка го одделува скалпот од черепот, а тоа е всушност причината зошто се слуша пукањето - објаснува д -р Ентони Џон, пластичен хирург.

Некои корисници на TikTok кои го пробаа овој тренд тврдат дека пукањето на скалпот им ги решил главоболките и мигрената и дека не гледаат ништо лошо во тоа.

- Ве молам, не правете го тоа! Може да се повредите и да предизвикате крварење во главата, предупредува д-р Ентони.

Дерматолозите исто така укажуваат на последиците што може да ги предизвика овој опасен тренд.

- Загрижена сум дека на овој начин се оштетува фоликулот, односно живиот дел од косата. Пукањето на скалпот може да предизвика воспаление и да создаде лузни - предупредува дерматологот Мона Гохара.


Фото: ТикТок

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: