Ново правило за инфлуенсерите на Инстаграм: Нема повеќе обработени фотки на кои воопшто не личат на себе

Ново правило за инфлуенсерите на Инстаграм: Нема повеќе обработени фотки на кои воопшто не личат на себе

Објавена во: Мода // Moj стил

Во една европска држава повеќе нема да може да се мами публиката на Инстаграм...

Како би се снашле нашите инфлуенсери на Инстаграм кога ова правило би се вовело и кај нас? На некои сигурно би им паднало тешко.

Со закон ќе биде одредено дека сите инсфлуенсери во Норвешка ќе мора да наведат дека ја уредиле или фотошопирале фотографијата пред објавување. На овој начин, сакаат да го намалат притисокот врз луѓето и сликата која ја имаат за себе и својот изглед. Многу млади, но и возрасни луѓе, негативно гледаат на сопственото тело и изглед, откако половина час ќе „скролаат“ на Инстаграм и ќе ги гледаат објавите на кои луѓето изгледаат совршено, а 99% од тие фотографии се уредени и доколку би ги видиле таквите луѓе во живо, ќе сфатите дека не изгледаат така. Ова во крајна линија може да влијае и на менталното здравје, што може да биде прилично проблематично.

Разни здруженија на млади во последните години се жалеа и се погрижија за подигнување на свеста за овој проблем, а воведувањето на новиот закон покажува дека министерствата во Норвешка следат што се случува и слушаат. Овој закон кој наскоро и официјално ќе биде воведен, наведува дека секоја манипулација со фотографиите и менувањето на обликот на телото, големината на телото или делови на телото, потемнување или осветлување на кожата и сите слични промени, мораат да бидат нагласени во објавата. Доколку некој не го направи тоа, ќе биде соодветно казнет.

Во промените на телото се вбројуваат и зголемувањето на усните, изразувањето на мускулите, зголемувањето на очите, намалувањето на носот... едноставно сè! Можете ли да замислите воведување на ваков закон кај нас?

фото: emmaellingsenn i isabelsraad / Instagram

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: