Новогодишните желби на 10 годишно девојче ги шокира сите: Еве што има на списокот
Сите коментираа дека девојчето е многу разгалено но дека не е таа виновна...Новата година е пред самиот праг, а наскоро следува и Божиќ. Многумина сакаат да им подаруваат на своите најблиски различни подароци, но некои имаат одредени барања.
Една мајка сподели видео на својот профил на Тик ток каде нејзината ќерка, која има само 10 години, бара многу екстравагантни подароци, од чевли од Диор до „картичка за подарок“ од 150 долари.
Сето ова не го очекувала ниту нејзината мајката.
Мало девојче мисли дека нејзината мајка е богата
Видеото достигна 10,2 милиони прегледи, а нејзината мајка Каја Џејмс го рецитира списокот со желби на малото девојче.
Прво го барала најновиот модел на телефон, па популарните влечки кои чинат „само“ 100 евра. После тоа, на листата се најде розово ланче од 53 евра, потоа популарни патики од 300 евра, па шминка и картички за подарок за едно многу „хит“ кафе.
Кога сто тоа го набројала, додала и „многу пари“.
Нејзините желби сепак не престанаа и таа набрзо се надоврза на списокот, плус додаде и камера за снимање.
Многумина останаа шокирани, како малото девојче не побара ниту една играчка, туку само овие материјални работи кои не и одговараат.
„Што се случи со децата, па не сакаат повеќе играчки?“, „Кога мама рече дека веќе го има истиот вреден подарок, се беше појасно. Девојката е навикната на некакво материјално уживање и сега сака само повеќе и повеќе“, се дел од коментарите.
Што мислите, дали девојчето претерало и кој е навистина виновен за ваквите ситуации? Многу е загрижувачки што детето дури знае за сето тоа и веќе знае за оваа материјална благосостојба. Сепак, како што наведуваат многу корисници на Тик ток, тука најголеми виновници се родителите бидејќи на тој начин ја разгалеле.
Фото: www.freepik.com
Извор:www.republika.rs