Нумерологија: Дознајте дали сте идеален пар според датумите на раѓање

Нумерологија: Дознајте дали сте идеален пар според датумите на раѓање

Објавена во: Совети // Тестови

Кој и да мисли дека математиката нема да му биде потребна по завршувањето на училиштето се лажи - еве еден пример каде што собирањето многу значи!

Знаењето за броевите може многу да ни помогне во емотивниот живот. Секој од нас има личен број, кој е едноставно да се пресмета, а истиот дава увид во нашата личност, но и во личноста на партнерот. Броевите се како магија. Доколку наидеме на личност со кој сме нумеролошки компатибилни, убава врска ќе ни биде на повидок, а може да остане и трајна, која ќе води до брак.

Но, некои врски не успеваат и покрај трудот на двата партнери, нешто како да недостасува или пак разликите во карактерот се преголеми за односот да опстане. Можеби имате наидено на личност која не се согласува со вашите лични броеви. За да не лутате со чувствата или да се приврзувате за погрешни партнери, во продолжение имате нумеролошки водич кој ќе ви ја олесни потрагата по љубов или ќе одговори што не чини во вашиот однос.

Пресметајте го својот и бројот на партнерот

За да дознаете дали сте еден за друг, доволни ви се вашите датуми на раѓање. Вашиот личен број е клчот според кој нумеролошки може да откриете колку сте компитабилни со партнерот.

Едноставно соберете ги бројките од датумот на вашето раѓање и претворете ги во еден број, кој е ваш личен број. Истото направете го со датумот на вашиот партнер. На пример, доколку сте родени на 23.01.1982 година, треба да ги соберете броевите од денот, месецот и годината и да ги претворите во еден број.

Месец: 1

Ден: 2 + 3 = 5

Година: 1 + 9 + 8 +  = 20; а потоа 2 + 0 = 2

Соберете ги сите: 1 + 5 + 2 = 8

Вашиот личен број е 8.

Следниот чекор е да го дознаете роденденот на личноста во која сте вљубени. Пресметајте го и неговиот/нејзиниот личен број. Кога ќе го направите тоа, погледнете го описот на броевите, кој ќе ви покаже дали вие и партнерот сте нумеролошки сродни души.


Следна страна

Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: