Нумерологија: Дознајте дали сте идеален пар според датумите на раѓање
Број 1 - прекрасни љубовници
Родените во број 1 се многу упорни, често и тврдоглави. Тие се родени лидери, амбициозни се и креативни. Имаат висока самодоверба и се одлични љубовници. Кон саканата личност често се посесивни, но и заштитнички настроени. Личноста која ја сакаат ја држат како капка вода на дланка и сакаат со партнерот да се гордеат во друштвото. Додворување никогаш не им е проблем бидјеќи освојуваат со својот шарм. Најромантичен успех ќе имаат со броевите 2, 4 и 7.
Број 2 - романтичари
Дипломатскиот и мирољубивиот став е одлика на луѓето родени во бројот 2. Тие се големи романтичари и многу мечтаат. Ги краси трпеливоста и сочувството, како и љубезноста. Прилагодливи се и одлични за заеднички живот. Во љубовта се топли и им требаат многу љубовни докази од партнерот за да се чувствуваат сакано. Потребен им е партнер кој ќе ја цени нивната верност и искреност и ќе ги разбира нивните чести промени во расположението и пречувствителноста. Оние под бројот 1 копнеат по нивната самодоверба, а одлично се согласуваат и со бројот 7.
Број 3 - лесно се вљубуваат
Тројките се луѓе кои ги краси оптимизмот и далежливоста. Добронамерни се и гостопримливи и сакаат да уживаат во животот и убавите работи. Сочувствителни се и лесно се вљубуваат, па потребен им е партнер кој ќе ги смири и ќе им пружи сигурност. Тие се во постојана потрага за идеален љубовен партнер, па често влегуваат од една во друга врска. Се согласуваат со бројот 6, но и со броевите 8 и 9.
Број 4 - тешко се врзуваат
Луѓето родени во бројот 4 се независни и ја сакаат својата слобода. Досетливи се и оригинални, а поради својот интересен карактер се прифатени во секое друштво. Упатени се во се, знаат да се шегуваат и ги сакаат луѓето. Во љубовта често се непредвидливи и тешко дека ќе се врзат трајно за некој, бидејќи за кратко ќе му најдат некоја маана. Луѓето родени во бројот 1 се идеални партнери за овој број.
Број 5 - ги кријат чувствата
Тие се многу креативни луѓе кои ги одликува снаодливоста, спретноста и брзината. Креативни се, природно шармантни и забавни. Љубопитни се и ги обожуваат забавите и патувањата. Во љубовните односи се премногу закочени, бидејќи ги рационализираат работите и емотивно не се отвараат премногу. Но, тие се многу заводливи и успешни во заведувањето. Најдобро се согласуваат со броевите 1 и 6.
Број 6 - љубовта им е на прво место
Родените во бројот 6 се уметнички души кои ги краси мечтаењето, толеранцијата, а ова ги стана на врвот на листата на најпосакувани партнери. Секогаш се смирени, често и наивни, а љубовта им е секогаш на прво место. Многу се заљубливи и се во вечна потрага по сродна душа. Без љубов не може да се смират и се во потрага се додека не го пронајдат вистинскиот партнер. Бројот три и бројот 5 се броеви кои им одговараат.
Број 7 - ќе направат се за партнерот
Тие се интуитивни луѓе кои мечтаат, но исто така се и толеранти и попустливи. Но, се многу чувствителни, па поради тоа лесно може да ги повредите. Од врските тешко се опоравуваат, па ќе треба да помине многу време додека да се одлучат за нова врска. Во љубовта се нежни, романтични и сензибилни и ќе направат се за партнерот. Иако имаат одлична интуиција, често грешат во изборот. Среќата во љубовта ќе им се појави доколку се спојат со личности родени во броевите 1 и 2.
Број 8 - внимателни во љубовта
Осмиците се практични луѓе кои цврство стојат на земја. Не се занесуваат со нереални цели, многу се внимателни и систематични. Трпеливи се и имаат одлична самоконтрола. Аналитички замислуваат, а во љубовта се внимателни дури и премногу. Многу се плашат да бидат повредени. Бараат сигурност во љубовта, односно врска која веднаш ќе има печат на одговорност и трајност. Родените во бројот 3 и 9 се идеални партнери за овој знак.
Број 9 - посветени освојувачи
Деветките ги краси страственоста и енергичната природа, но често и големата тврдоглавост. Искрени се и отворени, бидејќи не сакаат да заобиколуваат. Имаат голема психичка сила, но и изразено либидо. Кога се заљубени, потполно ја губат главата. И жените и мажите од овој број се лесно заљубливи и ќе направат се за да ја освојат личноста која им се допаѓа. Во љубовта одлично се согласуваат со родените во броевите 3, 5, 6 и 8.