Обична или водоотпорна: Каква маскара е подобро да користиш секој ден?
Како и секој друг производ, која маскара за трепки ќе ја користиш на дневна база зависи од тоа што на тебе подобро ти одговара.
Водоотпорната маскара изгледа како да е одлична - кога ја ставаш на трепките, доколку станува збор за квалитетна, ќе остане целосна без оглед на условите, но кога треба да ја отстраниш, станува малку проблематична. Да ја отстраниш водоотпорната маскара некогаш е вистински предизвик, бидејќи колку повеќе се обидуваш, таа толку не сака да се острани, а пред да успееш во тоа, половина од трептките ти остануваат во раце. Тоа и не звучи баш добро, особено на секојдневна база или пак малку се претерува и водоотпорната маскара всушност не е толку страшна и лоша?
Дали водоотпорната маскара е подобра од обичната?
Зависи за тоа што бараш од маскарата. На некои девојки обичната маскара им е сосема доволно за секој ден, но има и такви девојки кои имаат проблем со таквите маскари - секогаш им се пресликуваат на капаците. Тоа некогаш зависи едноставно од обликот на очите и трепките, дури не мора воопшто да има проблем со маскарата - за таквите некогаш поедноставен избор се водоотпорните. Но, водоотпорната маскара е потешка од обичната и доколку ја користиш често, може да ти ги општети трепките со тоа што ќе ги исуши и нив и кожата околу окото. Поради тоа што ваквите маскари се многу силни, кога ги отстрануваш, треба да се изнамачиш, со тоа што ќе го триеш окото со разни средства... што не е најдобро за трепките, особено доколку имаш ретки и слаби.
Добрите страни на водоотпорните маскари?
Не е се така црно. Водоотпорните маскари се добро решение за сите оние ситуации кога шминката треба да ти издржи цел ден, а условите не се баш најдобри. Без разликата дали ќе одиш на базен или пак знаеш дека многу ќе се испотиш, ваквата маскара во тој случај е најдобра опција.
Најдобар начин да ја отстраниш од очите?
Влажните марамчиња во овој случај никако не се добра опција, туку работата ќе ја завршат средствата за отстранување на шминка, како што се мицералните или млеката за отсранување на природна база. Најверојатно постапката ќе мора да ја повториш два пати, а за да бидеш сигурна дека ја имаш отстрането маскарата, треба да го измиеш лицето и да го поминеш со некој гел за чистење.