Објасни што се крие зад промената: Били Ајлиш откри зошто сега е русокоса
Откако пред неколку месеци, драстично ја промени бојата на својата коса, сега, за магазинот „Elle“, ја објасни таа одлука...
Еволуцијата на стилот на Били Ајлиш беше прилично драстична. Ја запознавме како девојка со неон зелена коса во преголема облека, а пред нкоелку дена имавме можност да ја видиме во раскошен фустан во кој изгледаше како принцеза, додека бојата на нејзината коса беше платинесто руса.
.@BillieEilish has arrived! The 2021 #MetGala co-chair stuns on the red carpet, in a custom @OscardelaRenta look. pic.twitter.com/KmXEnZBZIc
— Vogue Magazine (@voguemagazine) September 14, 2021
Објаснувањето за толку драстичната промена на косата Били го даде за „Elle“, чија насловна страница ќе ја краси во октомври оваа година, пишува „Elite Daily“. Причината поради која Били престанала да ја фарба косата во зелена боја е, првенствено, нејзината приватност.
„Не можев да излезам никаде со таква коса, бидејќи сите знаеја дека тоа сум јас. Ужасно се плажев од папараците и сите „следачи“ кои знам дека ги имам. Сакав анонимност“ - кажа Били.
For ELLE October, @billieeilish opens up about making music, directing videos, and why she doesn’t give a #%!* what anyone has to say about her hair, clothes, or sexuality. “I’m still the same person. I’m not just different Barbies with different heads.” https://t.co/APNZ9rjJHp pic.twitter.com/2ORjgkQTDI
— ELLE Magazine (US) (@ELLEmagazine) September 23, 2021
Били сака сите да знааат дека во душа е истата девојка, без оглед на тоа како изгледа нејзината надворешност.
фото: MIKE BLAKE/REUTERS/PIXSELL, PARI DUKOVIC FOR TIME/REUTERS/PIXSELL