Објавата за починатиот „Црн Пантер“ го урна рекордот за најлајкуван твит на Твитер
Вчера светот го потресе веста за смртта на 43-годишниот актер Боузман, кој почина од рак.
Тој се прослави со улогата на суперхерој во блокбастерот „Црн Пантер“, а од јавноста криеше дека боледувал.
По неговата смрт, до денес над 6,6 милиони лајкови собра последната објава со соопштение за неговата смрт, на неговиот официјален профил на Твитер и со тоа стана најлајкуваниот твит во историјата на оваа платформа.
Твитот има над 3 милиони ретвитови.
Во твитот, неговата фамилија објаснува што се случило, зошто актерот криел четири години дека се бори против ракот.