Објавен е тизер за последниот дел од „After“: Кога ќе може да го гледаме?
Обожавателите на франшизата „After“ добија празнично изненадување во вид на тизер за четвртиот и воедно последен филм, кој ќе го носи називот „After Ever Happy“.
Како и во претходниот, и во овој дел главните улоги ги играат Џозефин Ленгфорд и Хиро Фајнс Тифин, како Тес и Хардин, а тука се и Ченс Пердомо, Стефан Мојер, Мира Сорвино, Ариел Кебел, Франсес Тарнер, Киана Мадеира, Луис Ломбард, Картер Јенкинс и Роб Естес.
Филмот е снимен заедно со третиот, во текот на 2020 година во Бугарија.
Во продолжение погледнете го тизерот: