Објавена е најавата за нов филм во кој глуми Хари Стајлс: Страсната сцена ги полуде фановите (ВИДЕО)
Никој не го очекуваше ова, но на сите им е мило.
Режисер на филмот е Оливија Вајлд, девојката на Хари Стајлс, а една од првите сцени од филмот што сега беше прикажана во јавноста е сцена со Хари Стајлс како жешко се бакнува со актерката Флоренс Пу, а фановите полудеа.
Каде и да се појави Хари Стајлс, неговите обожаватели полудуваат. Ова не е негово прво појавување во филм, но никој не очекуваше дека пак ќе се случи и затоа изненадувањето е уште поголемо. Режисер на „Не грижи се мила“ ('Don't Worry Darling' ) е неговата девојка Оливија Вајлд, па не беше чудно што папараците ги фаќаа понекогаш на сетот каде што снимаа. Сега кога Оливија објави краток трејлер, шокот беше уште поголем бидејќи во филмот што го режира, нејзиното момче бакнува друга девојка. И доста страсно и тоа само за околу 10 секунди од филмот, којзнае какви сцени не чекаат кога ќе излезе филмот!
„Не грижи се мила“ е психолошки трилер, се случува во 1950 година, а фокусот е на мажот и жената што живеат во утописка експериментална заедница. Во еден момент, жената почнува да се сомнева дека гламурозната компанија на нејзиниот сопруг крие некои прилично вознемирувачки тајни. За жал, филмот нема да дојде во кино салите до следната година, на есен, на 23 септември 2022 година, ако се оди според планот. Има возбуда околу филмот од самиот почеток, бидејќи се чини дека ќе биде навистина добар.
ВИДЕО:
извор:teen.385.dnevnik