Објави дека е засекогаш банирана на ТикТок: Адисон Реј сепак се врати со сите следбеници и видеа

Објави дека е засекогаш банирана на ТикТок: Адисон Реј сепак се врати со сите следбеници и видеа

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Адисон Реј убаво се изрекламира себе пред неколку дена. Имено, таа на својот Твитер профил сподели фотографија на која стои дека нејзиниот ТикТок профил ќе биде трајно затворен, а потоа и порача дека е време да најде нова работа.


Иако малку кој сонува дека нејзиниот профил би бил навистина блокиран, целата приказна околу тоа засекогаш секако нема никаква врска со вистината. И навистина, нејзиниот профил за кратко беше вратен во претходната состојба, со сите следбеници и видеа. Интересно, досега воопшто не е објавено зошто се случило ова, пренесува „Mashable“.

Сепак, некако не ни е тешко да претпоставиме дека Адисон била жртва на лажни пријави деновите пред да биде банирана. Како што пропишува ТикТок, за да добиете бан, потребно е повеќе пати на највулгарните начини да ги прекршите правилата, со објавување на недозволиви видеа. Со оглед на тоа што Адисон објавува видеа на кои танцува, промовира содржини или не води низ нејзиното секојдневние, јасно е дека таа ништо не криела.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: