Објави фотка на Инстаграм и напиша интересен опис: Џастин и Хејли Бибер очекуваат бебе?

Објави фотка на Инстаграм и напиша интересен опис: Џастин и Хејли Бибер очекуваат бебе?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Џастин Бибер по минатонеделната драма на Инстаграм објави фотографија со Хејли...

По минатонеделната драма каде обожавателите го имаа снимано Џастин Бибер како ѝ вика на својата сопруга Хејли, очигледно е дека тензините на социјалните мрежи се смирени. Хејли одговори на драмата и го поби секој коментар за тоа дека Џастин ја малтретирал - сега пејачот на Инстаграм објави фотографија со која сака да каже дека Хејли е бремена?

Џастин и Хејли Бибер се двојка која не наидува на одобрување од сите обожаватели, особени на Џастин, кои се за тоа тој да биде повторно со старата љубов, Селена Гомез. Поради тоа често на социјалните мрежи се шират гласини за тоа дека и Џастин сака и дека е несреќен во бракот со Хејли - затоа и се однесува лошо кон неа. По минатонеделната драма, Џастин објави фотографија со Хејли на својот Инстаграм профил, а на истата тие седат еден покрај друг. Но, самата фотографија немаше да биде интересна, колку што е интересен описот кој напиша Џастин: „Мама и тато“.

Тој опис предизвика лавина коментари за тоа дали Џастин најавува дека тој и Хејли наскоро ќе станат родители. Имаше коментари од типот: „Чекај, молам? Мама и тато?“, „Бебе на пат?“ и многу други. Но, возбудата на нивните обожаватели во коментари ја прекина Хејли, која напиша: „Мислам дека можеби треба да се промени описот во *Мама и тато на куче* пред да биде погрешно сфатено“. Со тоа потврди дека всушност не станува збор за тоа дека таа и Џастин ќе станат мајка и татко бебе. Но, тоа не мора да значи дека можеби во некое скоро време и оригиналниот опис на Џастин ќе стане вистина.



Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: